НОВАТА ЕРА НА ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ
Златните Глобуси се најголемата манифестација за доделување на награди, која ги слави најголемите достигнувања од светот на филмот и телевизијата. Годинешните, 81-ви по ред Златни Глобуси ќе се доделат вечерва во Лос Анџелес во „Beverly Hilton International Ballroom“. Како и секоја претходна година, така и оваа, на црвениот ќилим се очекува да продефилираат најголемите и најдобрите актери и актерки, режисери, сценаристи, додавајќи дополнителна тежина на манифестацијата со која започнува сезоната на филмските награди. Актерот и стенд-ап комичар Џо Кој ќе биде домаќин на шоуто, а меѓу дел од презентерите се Аманда Сејфрид, Анџела Басет, Габриел Махт, Џулија Гарнер, Опра Винфри, Мишел Јео, Америка Ферера, Вил Ферел, Флоренс Пуг, Иса Рае и многу други холивудски ѕвезди. Новата инклузивна ера на Златните Глобуси Церемонијата и оваа година ќе донесе многу гламур и сјај и начелно ќе изгледа исто, но неколкуте новитети всушност треба да ја најават новата ера во Златните Глобуси. Најголе